Народната банка информира дека до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во Еуростандард банка АД Скопје, сега во стечај.
„ Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај.
Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите – соопшти Народната банка, пренесе Плусинфо.





