Кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поднесе Секторот за внатрешни работи на Тетово за сторено кривично дело „насилство“.
„Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ). А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово“ – велат од МВР.
Уште денеска, браќата-тепачи ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.





