Кривична против „непознати лица“ за „музејот на УЧК“ во Сопот

Од општина Куманово, чиј градоначалник е Максим Димитриевски, поднесена е кривична пријава за узурпација на недвижности и кривично дело бесправно градење против непознати лица а во врска со објектот со функција Музеј – Меморијален центар изграден во Сопот.



Димитриевски претходно најави дека испратил инспектори кои утврдиле дека општината нема дадено дозвола за градба.

Бидејќи нема инвеститор, пријава во Обвинителство ќе биде против непознат сторител.

Димитриевски: Музејот на УЧК е дивоградба

„Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно постапување“, велат од општината за „Фокус“.

Спомен-обележјето на кое беше прикажана карта на „Голема Албанија“ пред комплексот на УЧК, во меѓувреме е отстранет.