Додека била на функција, злоупотребувајќи инсајдерски сензитивни информации го повлекла својот депозит во вкупен износ од 250.000 евра од Еуростандард банка непосредно пред банката да пропадне, со што ја искористила службената положба за остварување лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирачка позиција во однос на останатите доверители, стои во пријавата што партијата Левица“ ја поднесе денеска до Основното јавно обвинителство.
„ Со ваквото умислено и противправно однесување пријавената го прекршила член 50 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси со што се исполнети условите за кривичен прогон по службена должност за сторено тешко кривично дело Несовесно работење во службата“, членката на Президиумот на Левица, Јована Мојсоска, на прес-конференција пред ОЈО.
За ова кривично дело е предвидена тригодишна затворска казна како јавен деликт насочен против службената положба.
Антикорупциската комисија отвори предмет против поранешната министерка, каде констатира етичка и професионална одговорност кај пријавената.




