Кристијано Роналдо објави дека мундијалскиот сон за него завршил

Кристијано Роналдо призна дека му дошол крајот на сонот за Светското првенство.



Петкратниот освојувач на „Златната топка“ се огласи на Инстаграм по поразот на Португалија во четвртфиналето на мундијалот од Мароко во саботата. Португалците загубија со 1-0, при што Роналдо стартуваше на клупата за резерви пред да не успее да има влијание во второто полувреме бидејќи Мароко стана првата африканска или арапска нација што стигна до полуфиналето на СП.

Роналдо беше виден како во солзи го напушта теренот. На 37-годишна возраст, се чини дека прифатил оти тековното издание на турнирот на ФИФА би можело да биде негово последно.

„Освојувањето на Светското првенство со Португалија беше најголемиот и најамбициозен сон во мојата кариера. За среќа, освоив многу титули од меѓународна димензија, вклучително и за Португалија, но мојот најголем сон беше поставувањето на името на нашата земја на највисоко ниво во светот“, напиша тој на Инстаграм во неделата попладне. „Се борев за тоа. Напорно се борев за овој сон. Во петте наврати кога постигнав гол на светските првенства во текот на 16 години, [тоа] секогаш беше покрај големите играчи и поддржан од милиони Португалци. Дадов сè од себе. Оставив сè на теренот. Никогаш не го свртев лицето од борбата и никогаш не се откажав од тој сон“.

Роналдо додаде дека „за жал, вчера сонот заврши“, но дека не вреди да се реагира со жешка глава на резултатот.

„Само сакам сите да знаат дека многу е кажано, многу е напишано, многу се шпекулира, но мојата посветеност на Португалија не се промени ниту за момент. Секогаш бев уште една личност која се бореше за сечиј гол и никогаш немаше да им го свртам грбот на моите соиграчи и на мојата земја“, напиша тој.

„Засега нема што многу повеќе да се каже. Ти благодарам Португалијо. Ти благодарам Катар. Сонот беше убав додека траеше… Сега е време да бидеме добар советник и да дозволиме секој да донесе свои заклучоци“, заклучи Роналдо.

Моментално без клуб, Роналдо не навести дека целосно ќе се повлече од меѓународниот фудбал и можеби сè уште има планови да настапи на ЕП во Германија во 2024 година.