Кристијан Ниневски(26) од Скопје беше среќникот кој стигна до крстот фрлен во Вардар на денешниот празник Водици.
Тој, исто така, и лани беше најсреќниот од учесниците во традиционалниот чин по повод верскиот празник Богојавление – Водици.
„Минатата година ми донесе синче, здравје, среќа на мојата фамилија и тоа им го посакувам на сите. Посакувам секоја година што поголем број да бидеме и Бог да даде сите да го почувствуваат ова чувство. Икона, библија, крст, ланче добив минатата година како подарок“ изјави Кристијан.
Ова бешпе негово седмо учество на оваа манифестација.





