!?Десноцентристичкиот кандидат, Бугарката Кристалина Георгиева е водечки кандидат за претседател на Европскиот совет и наследник на Доналд Туск, јавуваат бугарски медиуми.



Лидерите на ЕУ  се блиски и до договор, поранешниот холандски министер за надворешни работи и потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс да го наследи Жа- Клод Јункер на  чело на Европската комисија, објави Ројтерс.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ вчера ги започнаа преговорите околу кандидатите за главните позиции во Унијата.

Нема информации кои се фаворит на претседателот на Европската централна банка.

Белгискиот премиер Шарл Мичел е силен кандидат за функцијата шеф на надворешната политика на ЕУ, на местото на Федеррика Могерини.

Дипломати велат дека Манфред Вебер, кандидатот на Европската народна партија за претседател на Европската комисија, може да застане на чело на Европскиот парламент, пишува News.bg.