Криминалот на Онкологија ,,покрива” огромна афера со токсично гориво која предизвикува канцер кај Mакедонците

Криминалот на клиниката за Онкологија засега ,,покрива” огромна афера со токсично гориво која предизвикува канцер кај Mакедонците.



Аферата ја откри Телма пред неколку дена токму кога почна случајот со замена на цитостатици на Онкологија со физиолошки раствор за пациентите и нивна продажба на Косово.

Телма сега објавува дека повеќе од 14 месеци власта имала инфорамции за канцерогениот енергенс кој бил дистрибуиран од фирма на ДУИ но не презела конкретни мерки.

,,Повторно ги побаравме сите известувања, документи и наоди на Инспекторатот за животна средина и на пазарниот инспекторат за сите трговци со мазут за да утврдиме неправилности”, изјавил за Телма претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски кој одамна знаел дека граѓаните се трујат со токсични енергенси но не презел ништо.

Својата постапка телото на Бислимивски ја отворило поодамна, а вчера го повториле барањето откако во петокот Телма објави дека со фиктивни фактури, опасно тешко масло за ложење, произведено во штипската САНС АГ, било продавано како мазут од страна на компанијата РКМ.

Минатата недела по известување од пазарна инспекција, финансиската полиција отвори истрага за зделките со мазут меѓу САНС АГ и РКМ затоа што откриле фиктивни фактури со лажни податоци.

Во излезните фактури од САНС АГ стоело дека се продава тешко масло за ложење, но во други фактури тој опис на стоката бил дополнет со Мазут М1 иако такво гориво не постои во законските документи во Македонија.

Дополнително САНС АГ немал лиценца за производство на мазут, а купувач била компанијата РКМ која со фактури кои се испитуваат во финансиската полиција, го носела маслото во Фени и на други локации низ државата.

Регулаторна тврди дека сите што не го почитувале законот ќе останат без лиценци и ќе добијат соодветни пријави, но засега нема епилог.

Лани напролет војници на АРМ од полигонот на Криволак се пожалиле на здравствени проблеми, по што државниот инспекторат за животна средина откри неправилности и сомнежи дека маслото е ризично со сомнежи дека е канцерогено, јавува Телма.

Фирмата РКМ каде удел има семејната фирма на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски која сега е под истрага беше избрана на сите јавни огласи на ЕСМ за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.

Денеска повторно ги побаравме сите известувања, документи и наоди на Инспекторатот за животна средина и на пазарниот инспекторат за сите трговци со мазут за да утврдиме неправилности, ни изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Својата постапка ја отвориле поодамна, а денеска го повториле барањето откако во петокот Телма објави дека со фиктивни фактури, опасно тешко масло за ложење, произведено во штипската САНС АГ, било продавано како мазут од страна на компанијата РКМ.

Минатата недела по известување од пазарна инспекција, финансиската полиција отвори истрага за зделките со мазут меѓу САНС АГ и РКМ затоа што откриле фиктивни фактури со лажни податоци. Во излезните фактури од САНС АГ стоело дека се продава тешко масло за ложење, но во други фактури тој опис на стоката бил дополнет со Мазут М1 иако такво гориво не постои во законските документи во Македонија.

Дополнително САНС АГ немал лиценца за производство на мазут, а купувач била компанијата РКМ која со фактури кои се испитуваат во финансиската полиција, го носела маслото во Фени и на други локации низ државата.

Регулаторна тврди дека сите што не го почитувале законот ќе останат без лиценци и ќе добијат соодветни пријави. Лани напролет војници на АРМ од полигонот на Криволак се поќалиле на здравствени проблеми, по што државниот инспекторат за животна средина откри неправилности и сомнежи дека маслото е ризично со сомнежи дека е канцерогено.

Фирмата РКМ која сега е под истрага беше избрана на сите јавни огласи на ЕСМ за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино.”

Повеќе на Телма