Толкување на законите не е работа на Државната изборна комисија, е ставот на ДИК за барањето за мислење од техничкиот министер Наќе Чулев кој имаше дилема како да го протолкува законот за Влада во делот за врзаните потписи и побара став од комисијата.
Вчера Телма објави дека министерот Чулев ќе бара мислење од ДИК дали сите одлуки во МВР треба да се носат со врзани потписи или само оние кои се поврзани со избори.
Главната дилема што постои во МВР е дали за акции за лов на криминалци се потребни два потписа.
Според ставот на ДИК сега министерот Чулев може да спроведува акции за апсење криминалци дури и ако неговата заменичката од СДСМ не стави потпис на наредбите.
Предходно висок функционер на полицијата близок на СДСМ побара полицијата да не ги спроведува наредбите на полицијата ако не се со два врзани потписи.
Целата информација на овој ЛИНК






