Централното собрание на Алијанса на Албанците свикано од Зијадин Села ќе заседава денеска во Скопје на кое, очекувано, ќе се разговара за последните случувања во партијата.
На е поканет и претседателот на партијата Арбен Таравари, кој во четвртокот во Куманово одржа состанок со неговите истомисленици во АА околу приклучување на партијата кон опозицискиот блок – Беса, Алтернатива и Демократското дсвижење – на претстојните претседателски и парламентарни избори.
Села на денешеното Централно собраниего поканил и Таравари:
„Го имам покането, како и секој друг член на Централното Собрание со јавна покана. Негова работа е дали ќе дојде или не. Местото му е да дојде таму, рече вчера Села.
За крилото на Села, собирот во Куманово бил нелегитимен, а Села доби поддршка од министерот за правда Кренар Лога и од потпретседателката на АА, Илире Даути..
Пратеникот Халил Снопче, кој го поддржува претседателот на партијата, рече дека ниту Таравари, ниту членовите на Центраното собрание кои застанале зад партискиот претседател, нема да присуствуваат на Централното собрание закажано од Зијадин Села.
Крилото на Таравари во четвртокот во Куманово одржа консултативен состанок на Централното собрание по кој беше соопштено дека 75 претставници на партиското тело му дале поддршка на Таравари за коалиција со опозициските партиии од условно наречениот албански блок.
Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, кои синоќа со 62 гласа „за“ во Собранието беа разрешени…






