Официјална Москва реагираше на најавеното испраќање борбени авиони од типот МИГ во Украина од страна на двете членки на НАТО, Полска и Словачка.
„Борбените авиони испорачани во Киев ќе бидат уништени и нема да го променат текот на војната“, било соопштено на брифингот утрово во Кремљ.
Полска и Словачка се првите земји од НАТО кои соопштија дека ќе испратат борбени авиони во Украина.
Полска ќе испорача прва серија од четири ловци-бомбардери МиГ-29, објави полскиот претседател Анджеј Дуда.
Во меѓувреме, владата на Словачка го одобри планот да и ја даде на Украина својата флота од 13 МиГ-29 од советската ера, објави „Еуроњуз“.






