Амбасадата на Русија во Скопје реагира на изјавата на премиерот Заев со тврдењето: Русофобијата станува алатка на Владата на Македонија
Изјавата на Зоран Заев е политички неодговорна, се вели во реакцијата на Твитер на Амбасадата на Русија во Македонија по денешната изјава на македонскиот премиер дека Русија плаќала за насилни протести во Македонија.
„Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сѐ повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, се вели во реакцијата на руската амбасада во Македонија.
Изјавата на @Zoran_Zaev ја сметаме за политички неодговорна. Таа ја става под знак прашалник искреноста на заложбите на @VladaMK за градење добри односи со #Русија. Со жалење констатираме дека #русофобија се повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика pic.twitter.com/OgdLcz4iDS
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) July 16, 2018
Предходно Заев даде изјава со која практично обвини дека Москва финансира немири во Македонија.
Заев: про-руски бизнисмени плаќаат за насилни протести во Македонија





