Според Кремљ, демилитаризацијата на Украина според австриската или шведската верзија, со зачувување на сопствената армија, без присуство на странски воени бази, е компромис.



Оваа идеја беше изнесена од Киев за време на преговорите.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, таквата понуда може да се смета за компромис.

Владимир Медински, главниот руски преговарач на мировните преговори со Украина, изјави дека Киев ја поддржува идејата да стане неутрална нација.

„Украина предлага австриски или шведски модел на неутрална демилитаризирана држава, но со своја војска и морнарица“, изјави денеска Медински за новинарите, додавајќи дека „големината на украинската армија“ е меѓу прашањата за кои се разговарало.

Москва сака Украина официјално да стане неутрална земја, која никогаш нема да влезе во НАТО.

Медински повтори дека Москва сака Киев да го признае Крим како дел од Русија и да ги признае како независни самонаречените народни републики Доњецк и Луганск, кои сега се дел од Украина, а нивната наводна независност е признаена само од Русија.

„Другите клучни прашања што ја загрижуваат Русија се ‘денацификацијата’ на Украина и правата на руските говорители што живеат во земјата“, рече преговарачот.