Кремљ соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден го има клучот за ставање крај на конфликтот во Украина, но дека Вашингтон досега не сакал да го искористи.



„Клучот за режимот во Киев е главно во рацете на Вашингтон“, изјави за новинарите на дневниот брифинг портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сега гледаме дека актуелниот шеф на Белата куќа не сака да го користи овој клуч. Напротив, тој го избира патот за натамошно „пумпање“ на оружје во Украина“.

Односите меѓу двете страни се најдоа на историски минимум во текот на изминатата година, а Соединетите држави објавија оваа недела дека ќе испорачаат 31 тенк од типот М1 Абрамс во вредност од 400 милиони долари на Украина за неколку месеци.

Русија вели дека секоја испорака на „Абрамс“ би била губење пари бидејќи тие би „изгореле“ исто како и другите тенкови во Украина.