Кремљ: Абрамович на преговари во Истанбул, но не е дел од рускиот тим

Официјален Кремљ објави дека милијардерот Роман Абрамович легално учествува во преговорите во Истанбул меѓу делегациите на Русија и Украина. 



„Но, тој не е член на руската делегација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според, Роман Абрамович престојува во Истанбул на покана на двете завојувани страни.

Претходно беше објавено дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ургирал кај американскиот колега Бајден, Абрамовиќ да биде изземен од санкции бидејќи може да биде корисен во преговорите меѓу Москва и Киева.

Деновиве беа лиферувани информации дека Абрамович, како и членови на украинскиот преговарачки тим биле затруени…

Западни медиуми објавија дека дека имал болки во очите и лупење на кожата. Извор близок до Абрамович изјави за Би-би-си дека тој сега закрепнал и дека е фокусиран на преговорите за ставање крај на војната.