ЕУ не смее да и дава ветувања за членство на Украина кои нема да може ги исполни, смета екс државната секретарка на Ирска Лусинда Крејтон која бара Брисел да биде искрен со Киев и да не дава лажна надеж за брзо приклучување кон унијата.
,,ЕУ треба да одлучи дали сака Украина да се приклучи на блокот – и ако не, тогаш поштеди ја од децениските одложувања што ги затруја односите со Турција и западниот Балкан”, смета екс државната секретарка за ЕУ во владата во Даблин.
Крејтон смета дека во моментов Македонија и другите земји кандидати за ЕУ се подалеку од членство од било кога.
,,Поминаа речиси 20 години од самитот во Солун во 2003 година за проширување на ЕУ со шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија (сега Северна Македонија), Србија и Црна Гора.
Во годините потоа, само една од тие нации се приклучи на блокот, а пристапувањето на другите се чини подалеку од кога било”, пишува Крејтон која веќе не е политичарка туку бизнисменка.





