Сточарот од кратовското село Емирица, чии спасување и пренесување беше раскажано од докторот Павле Зафиров, како сведоштво за немањето одговор од ниту една институција, веќе шести ден е во кома, сместен во Клиничката болница во Штип, пренесе ММС.
63-годишнинот човек има крварење во мозокот и е во коматозна состојба. Стабилен е но во критична состојба, соопшти Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница.
Откако според сведочењето на д-р Зафиров од Итната медицинска помош од Кратово, пет часа бил носен на раце од селото до возилото, пацинетот е однесен до Здравствениот дом во Пробиштип, а од таму веднаш бил пренесен во штипската болница. Од тогаш, човекот е во коматозна состојба. Пред да дојде медицинската екипа, поминал 12 часа паднат на снег, на отворено, додека неговата 90-годишна мајка се обидувала да го загрее.






