Бугарскиот теолог, аналитичар и публицист Николај Крастев вели дека непреземањето ништо од страна на БПЦ на барањето на МПЦ, ја принуди македонската политичка и црковна елита да побара признавање на афтокефалноста од Вселенската патријаршија.



Во гостување на бугарската национална телевизија (БНТ), тој вели дека вселенскиот патријарх ќе ја признае црквата во Македонија под историското име Охридска архиепископија. Најдобро, според него, е МПЦ да биде црква на Северна Македонија, но тоа е неприфатливо за грчкиот лагер во православието поради името.

За молкот во Бугарската црква за барањето за признавање од МПЦ, вели дека Софија стравувала да не дојде до расправија со српскиот патријарх. Забележува и што бугарскиот владика Кипријан, кој ја преводи комисијата на БПЦ што го разгледува македонското црковно прашање, неодамна бил во Москва на сослужение со архиереи на РПЦ, која покрај за украинската, има негативен став и за авфтокефалноста на црквата во Македонија.

Тој смета дека БПЦ треба да ја признае МПЦ.

„Имињата и историјата се важни, но мора да се гледа сегашноста и да се бара реално решение. Националистичките напади не се од помош. Што би пречело да постои МПЦ која ќе биде најблиската црква на БПЦ на Балканот? наведува Николај Крастев и оценува дека признавањето на македонската црква ќе биде позитивен чин и нема да му наштети на бугарското историско наследство.