Крастев: Оставката на Заев е лоша вест за Бугарија

Новинарот и аналитичар, Николај Крастев смета дека најавената оставка на Зоран Заев е лоша вест за Бугарија.



Во емисија на бугарската подружница на телевизијата Блумберг Крастев оценува дека доаѓањето на Заев на власт во Македонија отворило прозорец од можности за Бугарија и шанса да се отворат повеќе прашања.

Но, сега, со неговата оставка, тој прозорец се затвора и тоа е лоша вест за Бугарија и за регионот. 

Тој смета дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот од Преспа е индикативен и за односите со Бугарија и вели дека не треба да се заборави дека ВМРО-ДПМНЕ порача дека Македонија треба да ги прекине односите со Бугарија.