Пораката на францускиот претседател Емануел Макрон кој во Стразбур пред неколку дена рече дека не сака Балканот да се сврти кон Турција или кон Русија…но и дека  не сака Европа која веќе и со 28, наскоро 27, членки лошо функционира“ е политичка катастрофа, пишува Иван Крстев, раководител на „Центарот за либерални студии“ во Софија и член на Институтот за науки во Виена во напис за „Дојче веле“.



Европската Комисија има причини забелешката на Макрон да ја сфати како забивање нож во грб… а проевропските реформисти во балканскиот регион имаат причини да го обвинат Макрон дека им ги поткопува позициите, вели Крастев во анализата на изјавата на Макрон која предизвика различни коментиари, но и сериозни дилеми.

„Конструктивната повеќезначност долго беше стратегија која Брисел ја преферираше во однесувањето кон Балканот. Кога станува збор за членството на државите од Западен Балкан во ЕУ, политичарите во Унијата со задоволство велат дека единствено прашање е – ‘кога?’

Реално никој- ниту во Брисел ниту во Белград – не верува оти во 2025 година некоја од овие земји ќе биде членка на ЕУ. Но, додека играта во ЕУ досега се викаше „вратите се отворени“, Макрон реши да ги затвори – барем за момент.

Не можеме поради тоа да го обвиниме. Но, она што можеме да му замериме е дека ‘замрзнувањето’ за проширување без алтернативна стратегија може да придонесе за продлабочување на кризата на Балканот и да доведе до слабеење на позицијата на ЕУ во регионот.

Беше јасно и дека кога Макрон им се обраќа на гласачите зборувајќи за „Европејци“, мисли пред сѐ на гласачите од западна Европа“, пишува Крастев за „Дојче веле“.