Крстев: Комромис меѓу Софија и Скопје за 6, а можеби за 12 месеци

Посетата на Зоран Заев го отвора патот за изнаоѓање компромис меѓу Софија и Скопје. Посетата на Заев следува по посетата на албанскиот премиер Еди Рама минатата недела, но е и на фонот на ветото на Бугарија на рамката за преговори на ЕУ за двете земји, коментира новинарот и експерт за Западен Балкан Николај Крастев за News.bg.



Иако е позитивен чекор, денешната средба е една од многуте на долгиот пат до изнаоѓање на заемно задоволително решение за случајот, вели тој.

Николај Крастев не очекува некој значаен развој до крајот на јуни, а реалниот рок за постигнување компромис меѓу двете земји е 6 месеци, па дури и 12 месеци – до крајот на француското претседателство со Советот на ЕУ.

„Бугарија мора да има позиција што ги одразува и нејзините внатрешни интереси, но од друга страна мора да биде во согласност со политиката на Европската унија. Мора да се најде рамнотежа, во спротивно нема да има развој”, рече тој.

Според експертот, и ЕУ и НАТО водат политика за спречување на нови поделби на Балканот, како што е таа меѓу Турција и Грција, бидејќи ваквите конфликти го зголемуваат влијанието на Кина и Русија.

Затоа, силните фактори на Западот не стојат зад цврстата позиција на Софија. Интересот на македонската страна за посетата на Заев во Софија е исклучително силен и се надеваат на тоа.

Г”Веројатно некој и во Белград и во Москва пие шампањ затоа што е среќен што Бугарија и Македонија се во лоши односи. Се надевам дека со текот на времето ќе можеме да ги вратиме нивоата на доверба како што беа во периодот 2017-2019″, вели Крастев.