Красниќи избегал заедно со другар му!?

Уште еден затвореник не се вратил по викенд-отсуството, соопштија попладнево од затворот во Штип.



Директорот на затвор Штип, Мики Тодоров, за МИА изјави дека Агим Красниќи и Сехад Рамадани во понеделникот не се јавиле во затворот во Штип по викенд отсуството, а согласно Законот по поминати 48 часа ги известиле Управата за извршување на санкции, судот и полицијата.

„Двете лица од септември 2017 година користат редовно викенд отсуство, годишен одмор и имаат слободни 7 часа прошетка низ градот“, вели Тодоров.

Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група” на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување”, „киднапирање” и „рекет”.

Красниќи и Рамадани имале казна затвор од по 15 години, а досега и двајцата отслужиле по 12 години. (МИА).