Кралот Чарлс се изнервирал од пенкало што протекло за време на посетата на замокот Хилсборо во Северна Ирска во вторникот и за време на церемонијата на потпишување на книгата кон крајот на посетата.
Видеото од моментот кога новиот британски монарх го губи трпението стана вирално
Чарлс прво напиша погрешен датум, а потоа од пенкалото почнало да тече мастило, што доста го налутило, а тој се ослободил од него луто давајќи ѝ го на сопругата Камила. Таа пак била многу посмирена, но и се пожалила дека ‘прокиснува насекаде.
По нејзиниот коментар, кралскиот помошник брзо дошол и го тргнал пенкалото од раката, но ништо не можело да го спречи „малиот нервен слом на Чарлс“, јавуваат агенциите.
Во позадина, како што пишуваат, се слушал кралот како јасно вели:
„Не можам да ја поднесам оваа проклета работа“ додека го брише мастилото од рацете со марамче.
Тој револтирано додал дека тоа се случува „секој проклет пат“.







