Кралот на Тајланд со 20 конкубини „самоизолиран“ на Алпите

Кралот на Тајланд, Маха Вајиралонгкорн се самоизолирал во луксузен хотел во Гармиш-Партенкирхен на Алпите, заедно со придружбата.



Маха Вајиралонгкорн, познат и како Рама Десетти, го „букирал“ хотелот со 4 ѕвезди, откако добил „посебна дозвола“ за да го овозможи тоа.

Придружбата на 67-годишниот крал вклучува и харем од 20 конкубини и многу слуги, пишува германскиот таблиод Билд. Не е познато дали и неговите четири жени живеат во хотелот со останатите.

Сите хотели во тој регион беа затворени поради коронавирусот, но портпаролот на локалниот дистрикт изјавил дека „Grand Hotel Sonnenbichl“ е исклучок бидејќи „гостите се хомогена група луѓе кои никаде не излегуваат“.