Шпанскиот крал Фелипе Шести (52) од вчера е во десетдневен карантин, откако беше во близок контакт со лице заразено со коронавирус.
Кралот ги откажа сите јавни собири за време на карантинот, иако денес присуствуваше на научен состанок во Мадрид, објави Ројтерс.
Кралицата Летиција и нејзините две ќерки ќе продолжат со планираната кралска програма, додаде извор на Ројтерс.
Шпанија од почетокот на пандемијата регистрирала 1,58 милиони случаи на коронавирус, а 43131 починале.






