Поранешниот шпански крал Хуан Карлос, за кој беше отворена истрага во Врховниот суд по обвинение за корупција, одлучи да ја напушти земјата.



Тој за ова во писмо го извести неговиот син актуелниот крал на Шпанија, Филип Шести, објави Кралската палата јавија Ројтерс и АФП.

„За да им служам најдобро на Шпанците, на нивните институции и тебе како крал, те известувам дека решив да отпатувам надвор од Шпанија во овој период“, напишал поранешниот крал, а неговиот син, кралот Филип, ја поздравил одлуката.

На почетокот на јуни, Врховниот суд на Шпанија објави дека отвора истрага за да се утврди дали Хуан Карлос е виновен во корупцискиот скандал кога Саудиска Арабија му довери на шпански конзорциум за изградба на брз воз во Мека.

Истрагата беше покрената откако швајцарскиот весник „La Tribune de Geneve“ објави дека Хуан Карлос добил 100 милиони долари од починатиот саудиски крал.

Преку неговиот адвокат, Хуан Карлос (82) одби да ги коментира наводите.