Трговскиот договор кој ги регулира односите помеѓу Лондон и Брисел по напуштањето на Велика Британија на Европската унија е одобрен од кралицата Елизабета Втора.
По одобрувањето на кралицата Елизабета Втора, договорот може да стапи на сила денеска, 31 декември, во 23 часот по локално време односно на полноќ по средноевропско.
Со Договорот од 1.246 страници, објавен на Бадник завршува 47-годишното членство на Обединетото Кралство во Унијата.
Договорот доаѓа четири и пол години од референдумот за излез на Велика Британија од Европската унија и по девет месеци тешки преговори.
Вчера во Лондон, британскиот премиер Борис Џонсон најави „почеток на прекрасна врска меѓу Велика Британија и нејзините пријатели и партнерите во ЕУ“.
Велика Британија и ЕУ постигнаа трговски договор на 24 декември, само седум дена пред крајот на преодниот рок за Брегзит и повеќе од четири години откако Британците гласаа за напуштање на ЕУ.





