Профилот Кралицата сама #Бојкотира зад кој стои новинарката Маја Величкова му одговара на премиерот Заев кој зборува за потребата од почитување на повелбата на Обединетите Нации само во контекст на спроведување на меѓународните билатерални договори.

,,Повелбата на ОН нѐ повикува и на почитување на обврските што произлегуваат од договорите и другите извори на меѓународно право, за општествениот напредок и за подобри стандарди за живот во слободни општества.
Нека ни е честит 24 Октомври, Ден на Повелбата на ОН. #UNDay”, напиша премиерот Заев на Твитер.
Откако Заев заборави да каже дека според повелбата сите народи и држави имаат право на самоидентификација “кралицата” го потсети:

“Ти мора да се шегуваш. Повелбата според која имаме неотуѓиво право на самоодредување? Ние како народ од Македонија да се нарекуваме Македонци што е основно човеково право, кое е нарушено од истите ОН кои се формирани од повелбата”, пишува “кралицата”.
Повеќе коментари на истата тема
Денот на Повелбата на ОН, е уште една прилика да се потсетиме дека Македонија останува целосно посветена на целите и принципите од Повелбата и продолжуваме да ги негуваме вербата во основните човекови права, еднаквите права на мажите и жените и на големите и мали нации. #UNDay pic.twitter.com/Qyk9orsdm7
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) October 24, 2018




