Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците, денеска изјави дека размислуваат да одат во опозиција но не сакале да бидат траблмејкери и биле во консултации со странските амбасади, затоа и не отстапуваат од местото во ДИК. Таравари вели дека Алијанса на Албанците претендира на изборите да оди со посебни листи.
Претходно, Таравари беше дециден и дека на избори нема да одат со заеднички листи заедно со ДУИ.






