Крајнички: Како да не им се верува на Бугарите кога е „Докажано: првите пештерски луѓе биле Бугари!“?! – Уште се во таа фаза на еволуција!

„Докажано: Првите пештерски луѓе биле Бугари!“ – овој наслов на „научната статија“ на бугарскиот портал „bradva.bg“, објавен уште на 1 мај 2015 година, го пренесува на својот фејсбук-портал македонскиот новинар-астролог Илија Бошков Крајнички со свој коментар: „Како да не им се верува на Бугарите кога имаат вакви докази?! Се уште во тој стадиум на еволуција!“



Инаку, покрај другото, во таа тогашна „научна статија“ „bradva.bg“ има напишано: „Фосили од праисториски животни, стари повеќе од 10.000 години, за кои се сметаше се до денес дека живееле во Африка, се пронајдени во близина на Делчево, кај селото Стамер. Праисториски гроб таму пред седум години случајно откри рударскиот инженер Љубе Митевски. Научниците веќе почнаа да бараат докази дека првиот праисториски човек можеби еволуирал овде. Слични хипотези потврдија и палеонтолозите Денис Жардер од Националниот центар за научни истражувања во Париз и Николај Спасов од Природонаучниот музеј при Бугарската академија на науки.“

Штом биле откриени тој „праисториски гроб кај делчевски Стамер“ и „доказите дека првиот праисториски човек можеби еволуирал овде“ согласно со позицијата на официјална Софија и нивните „научници“ дека сета македонска историја и праисторија не се македонски, туку бугарски, „bradva.bg“ без премислување констатирал дека, ете, и „првите пештерски луѓе биле Бугари!“!