Поранешниот претседател и премиер на Куба, на конгресот на Комунистичката партија потврди дека се повлекува од функцијата генерален секретар на партијата.
„Задоволен сум што им предавам лидерство на група луѓе кои се подготвени да бидат лидери, кои имаат децениско искуство и се посветени на моралот на револуцијата што се идентификува со историјата и културата на нашата нација“, соопштил Раул Кастро.
Четиридневниот конгрес на Кубанската комунистичка партија започна денес, а тој историски состанок го означи крајот на владеењето на семејството Кастро и доаѓањето на новата генерација лидери.
Со повлекувањето на Раул завршува ерата што тој и неговиот брат Фидел Кастро ја започнаа со револуцијата во 1959 година, пренесува АП.
Кастро не откри кога ќе го поддржи неговиот наследник како прв генерален секретар на Комунистичката партија, но претходно се навести дека неговиот миленик е Мигел Дијаз Канел, кој го наследи на функцијата претседател во 2018 година.







