,,Крај на експериментот со Заев, “севернољупците” најавуваат победа за ВМРО-ДПМНЕ”

Хрватскиот аналитичар и новинар Иван Бродиќ ја анализира анкетата на американскиот Национален демократски институт (НДИ) според која ВМРО-ДПМНЕ убедливо води на анкета пред СДСМ.



“Севернољупците од НДИ објавија анкета според која ВМРО-ДПМНЕ победува на локалните избори со голема предност во однос на СДСМ, пренесуваат македонските медиуми. Судијата полека го игра крајот на експериментот?”, напиша хрватскиот аналитичар откако американската организација која е блиска на левицата и ја поддржуваше владата на Заев објави дека ВМРО-ДПМНЕ имала 4 % предност пред СДСМ ВО Април.