Крај на бојкотот на машиновозачите, од утре нормализирање на железничкиот сообраќај

Машинскиот персонал се враќа на работа. Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања – исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март. Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски, потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува да биде нормализиран товарниот сообраќај, а од утре од 06 часот и патниот сообраќај.



Hisilicon K3

Синдикатот вчера имал средба со раководството на претпријатието на која им било ветено дека денеска ќе биде исплатена платата.

Бојкотот на машинскиот и помошниот персонал во Железници Транспорт траеше речиси две недели, период во кој во прекин беше и патничкиот и товарниот железнички сообраќај. Штетите допрва ќе се бројат, а според првичните информации, тие веќе се бројат во милиони.