Крадец од Македонија фатен по седум години во Австрија преку ДНК

Примерок од ДНК од нејзината база на податоци ѝ помогна на полицијата во Австрија да расчисти случај на грабеж од пред седум години во Шварцах и да го приведе 42-годишниот сторител од Македонија при влез во земјата кон крајот на февруари.



ДНК-примерокот на криминалецот е земен од местото на провалната кражба извршена од него во Линц, која потоа полицијата ја одвела до напаѓачот и ограбувач на 45-годишен работник од Шварцах на 15 март 2011 година. Арамијата од Македонија ја пресретнал жртвата тој ден во 5 часот наутро по скалите откога го напуштила својот дом, го нападнал човекот со удари по телото и со клоци и го испрскал со спреј. Потоа му го украл паричникот со 140 евра, дебитна картичка, возачка дозола и електронска картичка. Нападнатиот претрпел сериозни повреди и морал да биде хоспитализиран.

Приведениот од Македонија е во притвор во Салцбург, а покрај за Шварцах и за Линц е обвинет и за кражба и провала во Виена, во Горна Австрија и во Германија.