Кина испрати војска и илјадници здравствени работници во Шангај, со цел да помогнат во спроведувањето тестови за ковид-19 за сите 26 милиони жители на градот, откако повторно буил забележан пораст на бројот на заразени со коронавирус.
Повеќе од 10.000 здравствени работници од провинции како Џиангсу, Жеџијанг и Пекинг, исто така пристигнаа на помош во Шангај, јави Rojters
Како што пренесуваат медиумите, жители во пижами стојат во редици, на оддалеченост од два метри еден од друг, чекајќи да бидат тестирани.






