Германскиот имунолог вели дека изненадувачки голем број мутации во новиот вид на коронавирус наречен „омикрон“ укажуваат на тоа дека тој потекнува од пациенти со ХИВ.
Исто така, покрај пациентите кои го носат вирусот ХИВ, „омикрон“ може да дојде и од луѓе кои страдаат од други форми на имунодефициенција, изјави имунологот на германското здружение на имунолозите, Карстен Вацл, пренесува Б92.
Тој објаснува дека ХИВ е вирус кој предизвикува уништување на имунолошкиот систем и доведува до појава на разни болести. Недостаток на имунолошкиот систем е слабост и неспособност на одбранбениот систем на телото да се бори со разни болести.
Вацл додава дека кај луѓе со ослабен имунолошки систем, вирусот може да се реплицира во текот на неколку недели.
Вацл смета дека сè уште не е јасно какво влијание ќе има оваа конкретна комбинација на мутации. Многу пациенти со ХИВ во Африка не се третираат соодветно, што значително го ослабува нивниот имунолошки систем.







