Ситуацијата со коронавирусот во Македонија доби „забрзување“ со уште позагрижувачките бројки за последните 24 часа, во кои се регистрирани 241 нов случај и уште осум починати.
Од 1.700 тестирани лица, 73 се позитивни во Скопје, 60 во Штип, 32 во Тетово, 14 во Гостивар, 10 во Куманово, а новозаразени има во дури 23 македонски града.
Починати се 8 лица, и тоа по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга и по еден од Гостивар и од Струмица.
Институтот за јавно здравје јави и за 51 оздравено лице.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата достигна 9.026 лица, на починати е 414, на оздравени пациенти е 4.727, а активни случаи се 3.885.





