Бројот на починати од коронавирус во Њујорк достигна 3,202 лица откако вчера беа регистрирани нови 731 жртви.



Тоа е драматично повеќе од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година (9/11) кога во терористичкиот напад на кулите близначки каде беше сместен Светскиот трговски центар, загинаа 2,753 луѓе.

Досега во САД од Ковид-19 починати се над 12 илјади луѓе, а заразени се 380 илјади.