Ковид-19: Руската вакцина ќе биде регистрирана на 12 август

Руската вакцина против Ковид-19, ќе биде регистрирана на 12 август, а први ќе ја примат медицински работници и постари жители на земјата, рече заменик министерот за здравство на Русија, Олег Гриднев.



„Сега е во тек последната, трета фаза од тестирањето. Тестирањето на вакцината е многу важно. Треба да разбереме дека вакцината мора да биде безбедна. Прво, медицинските работници и старите лица ќе бидат вакцинирани“, рече Гриднев.

Тој додаде дека ефективноста на вакцината ќе биде можно да се процени само кога се формира имунитет кај популацијата.

Претходно, министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека е планирана масовна вакцинација против коронавирусот во Русија за октомври.

Клиничките испитувања на вакцината, изработени од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, започнаа на универзитетот Сеченов на 18 јуни, а во тестирањето учествуваа 38 доброволци, од кои сите се стекнаа со имунитет на коронавирус.