Французите треба повторно да почнат да носат маски на местата со многу народ, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид, изјави министерката за здравство Брижит Боругињон, пренесе Ројтерс.



„Не е дека само препорачувам, тоа го барам од вас. Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз“, рече таа за RTL, додавајќи дека тоа е „граѓанска должност“. Маските, додаде таа, треба повторно да се носат на други затворени простори, како што се работни места и продавници.

Франција бележи 17.601 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број од понеделник, 18 април.

Пред пет дена, првиот човек на кампањата за вакцинација Ален Фишер потврди дека новиот бран на Ковид ја пустоши земјата, поттикнат од појавата на нови варијанти на вирусот, како и насекаде во Европа, додавајќи дека тој лично се залага за повторно воведување на маските во јавниот превоз.