Ковид 19: Центарот за лица со попреченост во Штип 2 недели ќе биде под клуч

Центарот за лица со интелектуална и физичка попреченост во штипската населба Ново Село ќе биде времено затворен откако една медицинската сестра е позитивна на Ковид-19.



Директорката на Центарот за социјални работи, Златка Иванова информира дека се изолирани седум корисници на центарот и четворица вработени.

Центрите за лица со интелектуална или физичка попреченост се отворени пред шест дена, ова е прв случај на појава на вирусот, дознава Плусинфо.