Ковечевски: Изборите во законскиот рок, се’ друго се финеси

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не ја отфрли категорично понудата на опозицијата за двојни редовни претседателски и парламентарни избори напролет.



Ковачењвски истакна дека може да се разговара за финесите за датумот за изборите, но датумите да бидат во рамки на законските прописи.

Тој кажа дека вчера се сретнал со претседатели на партии од владејачката коалиција, меѓу кои и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, но не сподели повеќе детали. Единствено кажа дека за датумот за избори треба да се разговара во рамки на работната група во Министерството за правда, која требаше да ги изготви измените на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ. Според него, секој друг формат во кој би се разговарало за датум за избори би бил вонинституционален, пренесе Алсат М.

„Единствено ВМРО-ДПМНЕ нема делегирано свој претставник, така што јас ги поттикнувам да делегираат свој претставник, бидејќи не може една или две партии да одлучуваат за процес во кој учествуваат повеќе од 30 политички партии“, рече Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ не назначи свои претставници во работната група на Министерството за правда, но од партијата кажаа дека ќе ги поддржат измените штом ќе бидат изготвени, зашто, како што велат, станува збор за технички измени за кои даваат согласност.

Опозиција составена од албански-етнички партии повтори дека навива за двојни избори на еден трошок, но инсистира и што поскоро да се распише оглас за нов член на Државната изборна комисија.

ДИК во моментов функционира со шест членови, наместо седум. Четири члена се претставници на владејачките партии, а само двајца на опозициските партии бидејќи доскорешниот член Кренар Лога во меѓувреме стана дел од власта како министер за правда.