Ковачевски и пред да стане премиер крши закони, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската партија обвини дека мандатарот Ковачевски уште пред да биде избран за премиер крши закони и го компромитира образованието.



„Димитар Ковачевски, спротивно на закон ги постави на политички позиции Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн и  Ана Маркова Данева, продекан на медицинскиот факултет.

Ковачевски спротивно на закон ги поставил Ралев и Маркова Данева во ИО на СДСМ, а тие двајцата спротивно на закон прифатиле и со тоа се компромитирале и себе и факултетите кои ги претставуваат како нивни први лица“ – велат од опозициската партија.

За да не ги компромитираат установите од кои што доаѓаат Ралев и Маркова Данева веднаш да си дадат оставки на позициите во образованието кои што ги држат, но и да си дадат оставки и во Извршниот одбор на владејачката партија, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.