„Му честитам на македонскиот претседател, г-дин Пендаровски! За првпат од 1944 година ја слушаме од Скопје вистината за Гоце Делчев! Да, тој се прогласи за етнички Бугарин, без толкувања!- напиша на Фејсбук бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
„Вистина е, исто така, дека тој се борел за автономна Македонија во рамките на Отоманската Империја. Многу подоцна, македонските Бугари Тодор Александров и Иван Михајлов поставуваат за цел на ВМРО независна Македонија, ослободена од српската окупација!
Модерните Бугари и модерните Македонци се наследници на овие големи Бугари! Оваа вистина треба да биде потврдена и од билатералната комисија, како го бара договорот за пријателство и добрососедство и да биде ставено во наставниот план на двете страни!
Сите преродбеници и револуционери, како Григор Прличев, Браќа Миладиновци, Рајко Жинзифов, Дамјан Груев, Борис Сарафов, Васил Чакаларов и многу други од дејци на ВМРО, исто така, се декларирале како Бугари“, напиша Ковачев.




