Ковачки за новите униформи на АРМ: Србија не е по НАТО-стандард или за Шекеринска е?

Полковникот Драган Ковачки реагира на вчерашната промоција на новите униформи на Армијата на Република Македонија (АРМ) од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.



„’Целата нова’ униформа (панталони и палто), со која г-ѓа Шекеринска тера предизборна кампања во касарната Илинден, е произведена во Врање, Р. Србија. Во Македонија нема ли конфекции за да сошијат униформи за АРМ? А и Србија не е по НАТО стандард или за неа е?“, прашува несудениот технички министер за внатрешни работи и кандидат за пратеник од коалицијата „Обнова на Македонија“ во третата изборна единица.