Полковникот Драган Ковачки открива дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој својата функција ја врши од 2015 година прави реваншизам кон вработени во полицијата кои размислуваат контра неговите политички и професионални ставови.
,,Спасовски и после 6 години министерување продолжува да се одмаздува на сите што не мислат како него.
Иако е во оставка, со решенија распоредува вработени и по 3 места подоле.
*Долгорочни ќе бидат штетите што ги направи на системот и на персоналот”, пишува Ковачки кој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и кого СДСМ го одби за технички министер за полиција во последната Пржинска влада.





