„Остануваме на дадениот став поврзан со решавањето на статусот на 10-тината семејства на загинатите бранители од 2001 година со Закон, кој беше блокиран со злоупотреба од Талат Џафери. Додека не се реши статусот на семејствата на загинатите, нема да има Закон за вработените во одбраната. Го блокиравме со повеќе од 1500 амандмани.“ – објави Драган Ковачки, пратеник во Собранието на Македонија и член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на својот фејсбук-профил.
Во објавата на општествената мрежа натаму Ковачки истакнува: Секогаш сме давале поддршка на нашите војници, полицајци, вработени во МО и МВР и безбедносни служби, но никогаш не сме се согласувале со лицемерието на раководствата на тие институции. Не може да се глуми лажна загриженост дека се сака да се реши статусот на вработените во Министерството за одбрана, а да бидат на маргините токму инвалидите од судирот и семејствата на тие, кои државата ги прати да загинат.
Таква политичка шизофренија не признаваме.
Остануваме на дадениот став година, со Закон кој беше блокиран со злоупотреба од Талат Џафери. Иако има само 2 члена во Законот и иако е поднесен на „чист” македонски јазик, тој не е преведен до денес. Досега СДС се извлекуваа дека од Талат Џафери зависело кога ќе се најде Законот на седница и не сакаа да направат притисок врз него.
Но сега на крајот на мандатот СДС има претседател на Собрание од неколку месеци и еве им можност да покажат колку се грижат за воените инвалиди и за семејствата на луѓето, кои државата ги прати да загинат. Ајде да го намалиме страдањето на тие луѓе, а после тоа се обврзуваме дека Законот за вработени во одбрана ќе го донесеме експресно со мали усогласувања, за кои имаме разбирање со власта во заминување.





