Ковачки прифатлив прв човек на МВР за Ахмети

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, задоволен од предлогот на Христијан Мицкоски Драга Ковачки да биде прв човек на МВР во техничката влада.



„Ми остави впечаток дека кандидатот што го одбрале има една добра биографија и ќе биде, според мое мислење, ако се договорат и со СДСМ. Тоа е кандидат со искуство, и ќе биде добро за МВР, како и за редот и мирот. Така што, да ги видиме резултатите од средбата меѓу премиерот Заев и Мицкоски“ – рече Ахмети по средбата со Мицкоски..