Ковачки прашува со чии пари Дритон Ахмети купи бизнис-центар во Скопје

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, бара одговор со чии пари внукот на Али Ахмети, Дритон, заедно со албанска фирма, го купил бизнис-центарот Соравија во Центарот на Скопје.



„Чии се парите кои легнале на фирмата на младиот Ахмети, станува збор за сомнителен кеш собран од тендери или пак за некоја награда за остварена бизнис зделка?“ праша Ковачки на прес-конференција.

„На овие прашања Ахмети и ДУИ треба веднаш да одговорат, да докажат потекло на парите на фирмата на внукот и институциите веднаш да покренат постапка.

Дополнително, загрижува и фактот што Груби, кој се презентира за вечен панцир на Али Ахмети, го нема никаде да го одбрани својот командант. Дали во ДУИ почнуваат да го напуштаат Ахмети или со молкот потврдуваат дека вакви криминални зделки може да направи само Ахмети?“ праша тој.

„Семејството на Али Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, се стекнува со мултимилионски имот. Тор Индустриес е фирма основана пред две години, од страна на Дрин Ахмети – син на братот на Али Ахмети. Истата две години е БЕЗ прикажан профит, што значи дека БЕЗ остварена услуга, купува луксузен деловен објект во центарот на Скопје“ рече Ковачки денеска на прес-конференција