Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ демантира дека постојат несогласувања во партијата околу уставните измени по изјавата на министерот Бујар Османи дека постоела „идеолошка линија во ВМРО-ДПМНЕ кај која преовладува разумот и сака да ја стави Македонија на брза патека кон ЕУ“.
Oсмани: Прво консензус, па уставните измени во Собрание
Драган Ковачки вели дека се работи за класична манипулација.
„Бујар Османи се обидува да ја дефокусира македонската и меѓународната јавност од криминалот што го откриваме деновиве за кој тој молчи и не се произнесува за криминалот на неговиот шеф, односно за кланот Ахмети туку се обидува да ја дефокусира јавноста со работа која е затворена.
Нашиот претседател многу јасно кажа дека избори се единственото решение.
Тоа дали има линија од ИК која ги убедувала пратениците мислам дека е крајно несериозно да се тврди затоа што сите ние многу добро знаеме кои се нашите ставови и дека ќе опстоиме на нашите ставови“,вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.







